ХАОС ВО БОЛИВИЈА – УАПСЕНИ СЕ УШТЕ 17 ЛИЦА ПОРАДИ ОБИД ЗА ДРЖАВЕН УДАР

0
79

Владата на Боливија денеска соопшти дека уапсила уште 17 лица за наводна вмешаност во обидот за пуч што ја потресе јужноамериканската земја во средата, откако претходно денеска беше уапсен воениот командант Хуан Хозе Сунџига како организатор на пучот.

Високиот член на кабинетот Едуардо дел Кастиљо го опиша еден од уапсените, Анибал Агилар Гомез, како „мозокот на операцијата“, но не сподели детали за другите осомничени, пренесува АП.

Јавното обвинителство отвори кривична истрага, а Сунџига беше обвинет за тероризам и вооружен бунт.

Бунтовниците предводени од Сунџига во текот на ноќта упаднаа во претседателската палата во Ла Паз, а тој потоа објави дека вооружените сили на Боливија го окупирале плоштадот Мурило во Ла Паз и изјавил дека ќе се формира нов кабинет на министри.

Обвинителите соопштија дека ќе бараат максимална казна од 15 до 20 години затвор за Сунџига под обвинение за „напад врз уставот“.