Според планираното, Хан прво ќе има издвоени, а потоа и заеднички средби со четворицата лидери на политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети.

Тој ќе се обиде да издејствува конечен договор за ставање крај на политичката криза, а врз основа на договорената рамка од 2 јуни, која предвидува одржување на предвремени парламентарни избори во април идната година.

Посетата на Хан доаѓа по заострувањето на реториката од двете политички партии и напуштањето на првичните позиции договорени со договорот од 2 јуни.