Хан: Средбата почна, се надевам ова ќе биде добар ден за Македонија

0
510

Средбата во Брисел помеѓу лидерите на политичките партии во Македонија е почната како што пишува еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан на својот твитер профил. Хан им се заблагодарува на европратениците за нивното присуство и изразува надеж дека средбата ќе биде продуктивна.

han tv 2

“Се надевам ова ќе биде добар ден за иднината на земјата”, пишува тој.

Според објавената фотографија на средбата присуствуваат лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски, а овој пат се присутни и претседателите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Пред заминувањето од СДСМ порачаа дека се надеваат оти преговорите ќе бидат поставени на рамноправна основа.