Хан повторно се обидува да одржи средба со лидерите на четирите македонски партии

0
453

Eврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, испратил писмо до лидерите на четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, дознава Алсат-М.

Според дипломатски извори, меѓународниот фактор инсистира на нова средба откако потфрли состанокот во Виена.

„Страните повторно да почнат дијалог и неопходно да најдат компромисно решение. Да се спроведат сите реформи, да се прочисти избирачкиот список заедно со реформите во медиумите. Изборите неопходно е да бидат сеопфатни…“, е содржината на писмото од Брисел испратено преку амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Политичките партии, за телевизијата, не ја коментираат содржината на писмото на комесарот кој побарал и омекнување на ставовите и компромис за излез од политичката криза.

Тие не негираат дека добиле вакво писмо, иако велат дека тоа било адресирано до оние субјекти кои отстапиле од политичкиот договор, а за што се обвинуваат меѓу себе.