Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска повторно се огласи, овојпат во живо, за кризата во Македонија и за случувањата во Куманово.
– Сите сме загрижени за тоа што се случи викендов. Итно ги повикуваме сите страни и актери да соработуваат во разјаснувањето на тоа што се случи и обединето да работат на прашањето. Овој напад, ова случување, не треба да го оттргне вниманието од сериозната политичка ситуација во Македонија, за која ги повикавме и власта и опозицијата да ја решат. Ова случување не треба да биде искористено за да создаде дополнителна комлексност преку воведувањето етнички тензии – рече Хан, повикувајќи уште еднаш на единство и на транспарентност.