Хан и тројцата европратеници поканети на лидерската средба на 29 јуни

0
452

Pregovori-Brisel

Лидерската четворка ќе упати покана до еврокомесарот Јоханес Хан и до европратеничката тројка Кукан, Ховит и Вајгл, за присуство на средбата на 29 јуни, објави „Дојче веле“.

Доколку некој од нив поради службени активности не може да допатува во Скопје на тој датум, можно е лидерската средба да биде поместена еден-два дена подоцна.

Во Скопје ќе престојува и белгискиот експерт Петер Ванхоуте, кој како претставник на ЕУ учествуваше во подготовката на Извештајот за 24 декември 2012 година.

Тој во наредните денови ќе оствари серија средби со раководствата на четирите партии, во насока на подготовка за клучната средба. Дотогаш се очекува да бидат испеглани разликите по најжешките прашања.