Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја продолжи доминацијата во квалификациите на Формула 1 сезонава, откако ја освои и третата пол позиција по ред пред трката за Големата награда на Кина.
Хамилтон на патеката во Шангај оствари најдобро време од 1.35,782 минути, пред клупскиот колега од Мерцедес, Нико Розберг.
Трето време забележа Себастијан Фетел од Ферари, пред возачите на Вилијамс, Филипе Маса и Валтери Ботас.
Кими Раиконен оствари шеста позиција, а зад него се најдоа Даниел Рикардо од Ред Бул и Ромејн Грожан, додека од петтиот стартен ред утрешната трка ќе ја почнат Наср и Ериксон, дуото од Заубер.
Трката за Големата награда на Кина почнува од 8 часот.