ХАМАС ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА КРВОПРОЛЕВАЊЕТО ВО ТЕЛ АВИВ

0
104

Милитантната група Хамас ја презеде одговорноста за пукањето во Тел Авив во кое загинаа најмалку седум лица, а 17 други беа повредени. Тие информираа дека двајцата сторители од градот Хеброн на Западниот Брег под израелска окупација биле членови на групата. Истовремено, тие се заканија со нови напади.

Двајцата мажи, кои беа застрелани од израелските безбедносни сили, ги убиле своите жртви во воз и на станица во Јафа, област во Тел Авив со големо арапско население. Едниот имал автоматска пушка, а другиот нож. Медиумите наведуваат дека жртвите се патници во воз и случајни минувачи.

Израел води војна против Хамас во Појасот Газа од 7 октомври минатата година, кога исламистите и нивните сојузници го нападнаа јужниот дел на Израел, при што загинаа повеќе од 1.200 луѓе.