ФУРКАН САЛИУ : СТЕФАН ЛАЗАРОВ НЕ Е КРИВ, СТЕФАН Е ЖРТВА НА ИЗГУБЕНИОТ МОРАЛЕН КОМПАС ВО ОВАА ДРЖАВА ДИКТИРАН ОД МЕДИУМИ, СТЕФАН Е ЖРТВА НА ЛАТАС

0
947

Многу внимателно го прочитав статусот на Стефан каде што се правда за емисијата со латас.

И некако му поверував, се додека не го погледнав и другиот негов подкаст со Карло Бос.

Таму па уште пострашни работи. За жената се зборува како за објект а не човек.
Го прашуваат дали смрделе Африканките. Па дали ги тепал пред… Ова навистина е страшно.

И го разбирам, во свет каде што се прави се за клик повеќе (евро повеќе) мора да снимаш со порно ѕвезди како латас и карло бос, затоа што тоа публиката го бара… Е тука имаме проблем. Публиката тоа не го бара, публиката ние ја навикнавме на вакви глупости.

Милиони евра јавни пари за време на режимот (а богами и сега) завршија во приватни медиуми. Наместо тие пари да одат во медиумите и да се подигне нивото, тие пари завршија кај сопствениците на медиумите а квалитетот не се подигна.
Кога медиум што собира милиони не инвестира денар во квалитет туку увезува програми од типот Ѕвезде Гранде, тоа отвара простор за рекет-портали, и шлајм јутјуб подкасти кои што произведуваат насилство врз одредена група.

А што е најстрашно, видете ги само фирмите кои го спонзорираат ова…
#FitnessHouse-Само здрав и силен маж може да тепа пред да е*е
#DM – Нема траги од крв и насилство со нашите продукти
#Mozzart- Ако се спасиш од органите на прогонот со насилство, уплати тикет… Ти си среќен момак

#Credissimo- Пари во секое време за да се покрие било каква глупост
#МебелВи – Кревет кој издржува се, дури и насилни “мажишта“
#KFC – Распарчија како кокошка
#Ragusa919- Викни ја, имаме вип сепаре
#BettyApteki- Еден диазепам и ќе и помине
#SaraFashion- Искини и ги тие хулахопки, ќе и дадеме нови
#Signori- Тепај со стил

Стефан не е крив, Стефан е жртва. Жртва на изгубениот морален компас во оваа држава диктиран од медиуми. Стефан е жртва на Латас, истиот Латас кој преку неговите вести поттикнуваше меѓуетничка омраза и тепачки по автобуси, линч на неистомисленици а богами во некои случаи и убиства а за сето тоа дебело беше платен од наши пари.

Фејсбук статус на новинарот на ,,КЛАН” Фуркан Салиу.