ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ КОЛИ ЌЕ ИМААТ ТАБЛИЧКИ ВО БОЈА – ЦЕЛТА Е ДА НЕ КОРИСТАТ ЗА ПРИВАТНИ И ЗА ПАРТИСКИ ПОТРЕБИ

0
79

Службените коли на Владата, министерствата и на државните институции ќе имаат регистарски таблички во боја, одлучи владата на денешната седница. Целта е овие возила лесно да се препознаваат, всушност да се знае дека се на функционери со што ќе се прекине праксата службените возила да се користат за приватни и за партиски цели. За таа цел, како  што велат од Владата, ќе се почне постапка за измена на два закона.

„На предлог на Службата за заеднички и општи работи, беше формирана комисија со цел да започне постапка за измена и дополнување на два важни закона за промоција на транспарентноста и владеењето на правото, односно на Законот за користење и располагање со стварите во државна и стварите во општинска сопственост и на Законот за возила. Со овие измени ќе се воспостави регистар на сите државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно идентификување“, велат од Владата.