Во изминатите два дена 7-8 луѓе од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ биле повикани на информативен разговор во СВР Куманово, поради сомнеж за подмитување на гласачи, јавува Сакамдакажам.
Полицијата постапувала по анонимна пријава на граѓанин и по допрен глас дека истакнати членови на партијата и функционери кои оделе на терен нуделе поткуп на гласачите. За каков поткуп се работи не откриваат.
Од партијата за порталот Сакам да кажам потврдиле дека нивни истакнати членови и функционери се повикани на разговор во полицијата и сметаат дека со тоа се прави психолошки притисок без аргументи.