Фуере: Груевски мора да поднесе оставка и да направи пат за транзициски процес

0
881

fuere-540x360

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерван Фуере за Balkan Insight и Призма:

Време е македонскиот премиер да си оди – секое друго решение би било како разместување на столчињата на палубата на брод што тоне

Како што одекнува скандалот со прислушувањето низ цела Македонија и пошироко, така се обелоденува и наводната корупција и заплашувањата од страна на премиерот Никола Груевски и неговата владејачка партија.

Шокантните детали за тоа како се злоупотребувале или едноставно се игнорирале законите и демократските стандарди од министрите и од високите државни претставници, го нагласуваат неказнувањето и „кавалерското“ однесување на режимот, без систем на одговорност, што секој би го очекувал од едно демократско општество.

Тврдењата на премиерот дека прислушувањата се дело на странски разузнавачки служби не можат да залажат никого, додека обвинувањата дека опозицискиот лидер Зоран Заев планирал државен удар, само ја одразуваат решителноста на Владата да најде каков било изговор за да ги замолчи своите политички противници.

Судејќи според тврдењата на опозицискиот лидер, дека оваа масовна операција на прислушување се одвивала неколку години, можеме само со страв да нагаѓаме што ќе се открива допрва, особено во однос на меѓуетничките односи.

Владата предводена од Никола Груевски беше обележана со постојани тензии помеѓу етничкото албанско и мнозинското македонско население, често провоцирани од недостиг на чувството за мултиетничкиот карактер на државата.

Наместо да промовира политика на единство, владејачката партија, преку агресивно занимавање со контроверзниот проект Скопје 2014, на пример, го загрози кревкиот баланс што земјата ја држеше обединета по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во 2001 година.

Засега не е откриена ниту содржината на прислушувањето на странските дипломатски мисии. Самиот факт дека такви прислушувања постоеле ќе доведе до сериозни меѓународни импликации, воедно и затоа што Владата има меѓународни обврски според Виенската конвенција.

Ова е очигледно режим кој живее со позајмено време. Со губењето на кредибилитетот и легитимноста што се преостанати, премиерот во центар треба да ги стави интересите на државата и да ја поднесе оставката заедно со целиот негов кабинет.

Сугестиите дека некои од неговите министри кои се директно вмешани, треба да дадат оставки, како министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, а премиерот да остане на функцијата, е исто како да се прередуваат столчињата на палубата на брод што тоне.

Целата колумна на Ерван Фуере прочитајте ја на македонски на Призма или на англиски на Balkan Insight.