Македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви во несреќата во Кочани запирајќи ја играта на натпреварот со Велс точно во 59-тата минута.
Повеќе од 22.000 гледачи во чест на жртвите аплаудираа една минута и притоа со светилките од своите телефони создадоа ѕвездено небо.
На стартот на квалификацискиот дуел од Мундијалската кампања против Велс пред преполната Арена во Скопје, прво одекна химната на Македонија а потоа следуваше минута молк од 22.000 гледачи по повод големата трагедија во Кочани.