Friday, May 16, 2025
11 C
Skopje

ФСП: Повик до членството на ВМРО-ДПМНЕ за бојкот на митинзите и на изборите

Јавен повик до членовите на ВМРО ДПМНЕ од Форум на слободоумни патриоти:

Почитувани браќа и сестри,

Со оглед на фактот дека актуелното раководство одамна не го интересира членството и Партијата, а тоа го докажува со смешната коалиција со Сојузот на Титови леви сили, менување на партиските бои со боите на Сојузот на Титови леви сили, со ставање на листи на луѓе кои се осомничени за тешки кривични дела, со гласањето за амнестија на злосторства против човештвото итн., Форумот на слободоумни патриоти ве повикува во периодот што претстои, па се до 11 декември кога се одржуваат предвремените парламентарни избори на огранизиран бојкот на настаните и митинзите на врхушката. Доста не игнорираа и не користеа само кога им требавме, за избори.

Исто така Ве повикуваме на БОЈКОТ на денот на избори, т.е. да не одите и да не гласате. Само со бојкот можеме да им покажеме дека нема повеќе да дозволиме да не понижуваат. Притоа, свесни дека некои од вас ќе бидат под жесток притисок да одат и да гласаат, па доколку мора да излезете и да гласате одете и поништете го ливчето.

ВМРО ДПМНЕ и после 11 декември ќе биде силна партија, но не со лица кои се осомничени за тешки кривични дела во нејзиното раководство.

Со почит,
Форум на слободоумни патриоти
Претседател
Владимир Змејковски

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КАРАВАНОТ ,,ЗАЕДНО ЗНАЕМЕ ПОВЕЌЕ” ВО КРИВА ПАЛАНКА – ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ ЗА НАША МАКЕДОНИЈА ДИРЕКТНО СО НАРОДОТ

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски заедно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ