Фрчкоски: Ќе се продолжи вонредната состојба и избори ќе има на средина на јули

0
176

Универзитетскиот професорот и аналитичар Љубомир Фрчкоски смета дека ќе биде прогласена уште една вонредна состојба.

-Ќе воведат уште една вонредна состојба, за потоа да го испеглаат датумот за изборите – рече Фрчкоски.

Тој додава дека веројатно во сабота ќе дојде до договор околу избори.

-Претседателот ќе им понуди ако треба уште една вонредна состојба, и ќе имаме избори некаде кон средината на јули – истакна Фрчкоски во вечерашното издание на „Клик Плус“.