ФРЧКОСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАТА АМБАСАДОР ВО ООН ВО ЊУЈОРК

0
121

Постојаниот претставник на Македонија во ООН во Њујорк, амбасадорот Љубомир Фрчкоски поднесе оставка. Тој за ова ги информирал претседателката Гордана Силјановска – Давкова и Министерството за надворешни работи.

Професорот Фрчкоски очекува оставката да биде усвоена и да биде разрешен од Функцијата со Указ на Претседателката, како што е и назначен.

На прашање на Либертас дали тоа и како ке се одрази на работата на Мисијата на РСМ во Њујорк Фрчкоски одговори:

“Не мислам дека на било каков начин тоа ке се одрази на функционирање во техничка смисла на Мисијата која и до сега работела само бирократско-технички. Но има, за жал, шанса да се направи голема штета и срам за државата во една конкретна смисла и по повод еден конкретен случај. Имено, Македонија предложи проект во ООН кој беше прифатен прв пат во својата историја на членство кој се вика “Промоција на дијалог и медијација со цел превенција на геноцид и сличните злосторства (воени злосторства и злосторства против човештвото)“. Проектот по наша иницијатива е прифатен и му е одреден буџет (што е многу ретко во ситуација на финансиска криза во ООН ) во одделот кој го води Г-ѓа Алис Ндериту, Под-Секретар и Специјална советничка на Генералниот Секретар на ООН за Превенција од Геноцид (The United Nation Office on Genocide Prevention and the Responsibility to Protect – OSAPG)“.