Фрчкоски: Законот за забрана на „бомбите“ е варварски акт!

0
437

frckoski-540x360

-Се наоѓам во ситуација да немам капацитет да ги разберам, и зборови да ги опишам лицата кои дошле од идеја за ваков закон. Законот, имено, е варварски – изјави за Либертас професорот Љубомир  Фрчкоски.

-Не знам од која причина и на што се повикуваат, ваков варварски гест да споделат во јавноста и во постапка пред парламентот кој (што и да мислиме за него), во овој текст ќе се мота по комисии. Имено, законот, на прв и втор и секој друг поглед, се судира со две цивилизациски правни придобивки кои не можат да бидат поништени, повикувајќи се ниту на интерен политички догвор, ниту да меѓународен договор. Имено, на ништо друго.

Имено, првата демократска цивилизациска придобивка е дека: Цензурата е забранета! Таква одредба стои во сите европски устави, и не постои меѓународен договор кој ја негира оваа забрана.

Таква одредба за воведување во цензура нема ни во Договорот од Пржино. Не може никој да се повика на него предлагајки ваков варварси закон. Со законот се воведува цензура: кога се забранува објавување материјали од нелегалното прислушување кои , патем, се основа на кризата и на постоењето токму на договор од Пржино.

Тие материјали се во рамките на демократски легитимните цели како што се: борба против корупција, транспарентност на владеењето, откривање на злоупотребите на власта, откривањена изборните манипулации и крадењето на изборите, и на тоа слично.

Во таа смисла, спаѓаат во приоритетите на европските вредности и демократија.

Прислушуваните материјали, не се со карактер на изложувуање на приватни љубовни скандали и порно материјали, кои би имале причина да биат забранети од аспект на опсцени или моралнон дискутабилни позиции. Оттаму, се потполно легитимни за објавување.

Втората цивилизациска правна придобивка која е содржана во сите европски устави е: „Забраната на ректорактивното дејствување на законите“.

Имено, законите не смеат да важат наназад, а законот со одредбите за бришење на материјалите од порталите, социјалните мрежи, архивите на телевизиите и весниците бара токму тоа.

Цели архиви и огромен број текстови би требало овие институции да бришат, слично како во кинеската културна и октомвриската револуција кога се бришеле фотографиите на Сталин и Мао од соработниците кои биле во меѓувреме ликвидирани.

Ректроактивно дејство за законите е единствено возможно доколку нивните одредби се поповолни за граѓаните, што тука не е случај.

Во таа смисла, со овој закон се рушат директно две фундаметални одредби на нашиот устав, а по пат и на сите европски устави( нормално и на сите меѓународни договори кои ги третираат овие теми).

Третата апсурдност на законот е т.н. ultra vires повреда содржана во него. Имено, пречекорување на надлежноста на парламетот е тоа што со законот воведува забрана за објавување на овие материјали и во странство (?!) каде што нашиот парламент нема надлежност.

Во многу непријатна положба се поставуваат претставниците на меѓународната заедница кои го поминаа овој процес на постигнување на договор на Пржино, бидејќи овие пратеници-варвари од власта индикретно се повикуваат на нивниот договорот како основа за овој закон.

По мое мислење,тие мора да реагираат и со своја директна изјава да го стопираат ова лунатично оро кое почнува да се вие во парламетот околу овој закон.

Опозицијата, до друга страна, мора далеку поенергично да се заложи за анулирање на овој закон бидејќи ќе биде пасивен сведок на, повторувам, варварска интервенција во нашето правно и политичко секојдневие – изјави Фрчкоски.