ФРЧКОВСКИ РАСКАЖА КАКО СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ УСПЕАЛ ДА ПОБЕДИ ВО КАРПОШ: НИ КАМПАЊА НИ БУТУР, ЗЕМАЛ СПИСОК ОД 350 ЖИТЕЛИ НА КАРПОШ КОИ ИМАЛЕ НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ И ОДЕЛ САМО КАЈ НИВ

0
983

– Еден градоначалник кој победи во бастион на СДСМ во Скопје победи така што не тераше нити кампања нити бутур, туку од своите луѓе во општината добил список на 350 семејства со некои проблеми, де тараса сакале, де зграда сакале, де ќенеф, де уличка, де гаража итн итн и отишол кај сите и им рекол слушај ако победам сега у недела ова ти е решено у вторник, гласајте за мене соберете луѓе роднини пријатели и ја ќе ви го решам тоа… И човекот победи и тоа беше шок за сите, значи народот не гласа за идеали за партии за идеологии дрн дрн, народот си гласа за својот личен интерес…

Љубомир Фрчковски на интервју ВО ЦЕНТАР.