ФРОСИНА РЕМЕНСКИ СО ДЕТАЛИ КОЈ Е ВИСТИНСКИОТ ОНИШЧЕНКО

0
596

Во мај годинава со одлука на нашата влада добил македонски пасош, како спортист во скокови со коњи. Сторијата ја разбранува јавноста и во очекување да се расплете клопчето кој и зошто му помогнал да добие македонски пасош, на фејсбук професорката Фросина Ременски напиша неколку детали за тоа кој е всушност Аленсандар Онишченко.

-Овој “нашиот” руски репрезентативец за коњи Александар Онишченко, да ти бил КАДИРОВ по раѓање пред да го сменат презимето заедно со татко му – генерал-мајор во СССР кој бил осуден на смрт.

Александар (КАДИРОВ) Онишченко завршил воена школа во ХАРКОВ, а потоа и други школи …
Му нашле и грчки пасош со име Александар РОМАНОВИЧ по милионските заплени на имот. Неговата мајка (72) која добила азил во Шпанија е дел од обвинетата група по која се трага.
САД оваа група ја третира како криминална група на руски агенти.
Наследниот воен беграунд на Александар ОНИШЧЕНКО (КАДИРОВ) е многу поважен од спортскиот кој го употребува за добивање на државјанство.
Руско државјанство добил на “спортска основа” (и таму е руски репрезентативец за коњички скокови), исто и македонско – во рок од три години.

Ајде да видиме што ќе излезе од овој “влог во спортот”  – напиша Ременски на фејсбук.