ФРОСИНА РЕМЕНСКИ ЗА ПРЕДМЕТОТ ,,ТАРГЕТ – ТВРДИНА” : ТЕЛЕФОНСКИТЕ ОПЕРАТОРИ БЛИЗУ И ТЕЛЕКОМ 3 ИПОЛ ГОДИНИ НЕЗАКОНСКИ ОВОЗМОЖИЛЕ ПРИСЛУШКУВАЊЕ ЗА МЕНЕ И МОЈОТ СОПРУГ

0
1213
Денес судот во предметот “Таргет-Тврдина” преку нашето сведочење (мое и на мојот сопруг) на предлог на ЈО Ленче Ристевска го верификува фактот дека сме незаконски прислушкувани 3,5 години на 1 фиксен, 2 приватни и 2 службени телефони.
🚩Она што беше важно е фактот што Јовче Ременски до ЈО и Судот достави дополнителни докази за третманот на незаконското прислушкување од страна на оние кои требало “да се грижат за корисниците”, односно одговор по приговори од телекомуникациски оператори Телеком и Близу во кои тие тврдат дека, “не прислушкуваат незаконски”, и “ги почитуваат законите на државата”.
☎️📧 Неовластеното следење на комуникациите потврдено од ЈО зборува за спротивното, и тоа нам ни дава право да бараме оштета не само од извршителите, туку и од операторите, заради (не)грижа за претплатниците.
Каде е тука АЕК? Тоа е посебна приказна.
🚩Ниту адвокатите, ниту обвинетите (Мијалков, Гордана …) во случајот денес немаа прашања по нашето сведочење со проверливи и несоборливи изнесени факти за причините и целите: незаконското опремување на МВР, моето разрешување од продекан по нарачка на Јанкуловска, за неовластениот влез во мојот факултетски кабинет, дупчењето гуми, сечењето кочници на кола, незаконското деградирање и распоредување на мојот сопруг, нарачките за негово следење и физичка ликвидација и што ли уште не.
Ништо не прашаа да им се појасни – се им беше јасно – знаеја се.
🎯 Очигледно остана медиумското бледило од денот кога (популарниот сопруг на пратеничката) Јовче Ременски навистина сведочеше, наспроти пропагандното навивањето цела една недела во февруари дека, ќе сведочи, па нема да сведочи во случајот Рекет, заради некаков уплав на госпожа Ана од него (?!) (WTF) !!!
И разбирливо е, денес немаше трач и рекла-казала – туку факти, цели и последици од незаконско прислушкување, односно “зошто сме биле следени?”
📣 Пошироко деновиве …
Подолу одговорите по приговорите пред аферата од операторите за “законското работење”.
Фејсбук статус на Фросина Ременски.