ФРОСИНА РЕМЕНСКИ : „ДА ГО ВРАТИМЕ СДСМ НА ПОБЕДНИЧКИ ШИНИ“ – ИЗВАДОК ОД ПРОГРАМАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ

0
402

Планот е безвременска рамка која гарантира успеси и генерира идеолошко и генерациско обединување на сите членови и симпатизери на партијата од формирањето до денес.

Ќе рефлектирам кохезивна енергија во која ќе се препознаат и членовите и граѓаните кои сакаат градење на вредносен систем кој генерира развој и обединување, а не стагнација и поделби.

Мојата примарна цел е да ја свртиме прирамидата на одлучување наопаку – врвот да биде долу, а базата на членството да биде на врвот. Преку изграден систем на интегритетот и легитимитетот на одлуките од базата, раководството на партијата ќе знае и умее да правилно и праведно да одлучува. Деконцентрацијата и децентрализацијата на моќта во партијата е цел кон која стремат сите социјалдемократии.

Гарантираната автономија на делуваање на општинските организации, организациите на жените и младите во СДСМ и интересовните групи ќе значат креирање и водење на политики и поголем простор за оперативно делување и еднаков пристап на сите без концентрација на моќ за одлучување.