ФРАНЦИЈА ОД ЗЕМЈАТА ПРОТЕРУВА 35 РУСКИ ДИПЛОМАТИ

0
306

Франција има намера да протера 35 руски дипломати чии активности се спротивни на нејзините интереси, изјави извор близок до француското Министерство за надворешни работи.

„ Потегот е дел од европскиот пристап“, се вели во соопштението на Министерството, истакнувајќи го бројот на руски дипломати што треба да бидат протерани од земјата.

„ Нашата прва одговорност е секогаш да ја гарантираме безбедноста на Французите и Европејците“, се вели во текстот.

Москва веднаш објави дека ќе одговори на француската одлука, пренесе Интерфакс, цитирајќи го руското МНР.

Претходно Германија соопшти дека донела одлука да протера голем број руски дипломати кои се на должност во Берлин, а агенцијата Франс прес наведува дека се работи за 40 лица.

Германскиот министер за надворешни работи истакна дека овие вработени во руската амбасада се закана за сите оние кои бараат заштита од Германците.

Неколку европски земји веќе донесоа слични одлуки, вклучувајќи ги Белгија, Холандија, Полска, Ирска и денес Литванија, која одлучи да го протера рускиот амбасадор како одговор на руската воена агресија врз суверена Украина и злосторствата извршени од руските вооружени сили во различни украински градови, села, вклучувајќи го и ужасниот масакр во Буча.

Украина вчера ја обвини Русија за геноцид, тврдејќи дека во околината на Киев се пронајдени стотици тела.