Friday, June 20, 2025
29.8 C
Skopje

ФРАНЦИЈА: ВО ПОЖАР ПРЕДИЗВИКАН ОД ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ, ВО РЕМС ЗАГИНАА ЧЕТИРИ ЛИЦА

Тринаесетгодишно момче загинало откако скокнало од прозорец на четвртиот кат каде што избувнал пожарот во петокот наутро. Во истиот стан било пронајдено изгорено тело, за кое се претпоставува дека е неговиот 15-годишен брат, изјави обвинителот на Ремс.

Осумдесет и седумгодишна жена и нејзиниот 59-годишен син, кои живееле на осмиот кат, се задушиле од чадот. Тешко се повредени уште две лица, меѓу кои и вториот татко на загинатите деца, кој има сериозни изгореници. Вкупно 26 лица се хоспитализирани со полесни повреди.Обвинителот рече дека „нема сомнеж“ дека пожарот избувнал ненамерно, поради електричнен тротинет која се запалил од засега непозната причина. „Пожарите предизвикани од батерии се исклучително тешки за гаснење“, нагласи тој. Пожарникарите се бореле со огнот повеќе од три часа.

ОВАА НЕДЕЛА

КУЗЕСКА: РЕЈТИНГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ПАЃА

Соопштение за јавност - одговор на новинарско прашање Бидејќи и вака...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ