Американскиот амбасадор Џес Бејли преку Фејсбук порача “САД го поддржуваат владеењето на правото и СЈО, но не се мешаат во внатрешните работи на македонските институции“.
Амбасадорот Џес Бејли после многу прозивки во јавноста за преголемата вмешаност на амбасадата на САД и влијание врз инстституциите, преку Фејсбук порака порача:
„И ние во амбасадата гледаме многу конспиративни стории во медиумите за нашата инволвираност во домашните работи на Македонија, како и обвинувања дека сакаме да ја дестабилизираме државата. Како и повеќето граѓани на Македонија, и ние сметаме дека ваквите шпекулации се апсурдни. Сепак, после повеќе неосновани обвиненија кон амбасадата и дел од нашиот персонал, а поврзани со нашето влијание врз одредени инстиции мора да го нагласам следното:
САД во минатите 15 години во областа владеење на правото и правосудство во Македонија има инвестирано над 55 милиони долари. Оваа помош беше наменета за развој на капацитетите на судството, полицијата, обвинитеството, а со цел да се обезбеди поглема професионалност и транспарентност. Повеќе од 600 судии од судовите на Македонија и 300 јавни обвинители биле дел од разните проекти за поддршка и доквалификација преку нашите програми.
Сепак, тековната политичка криза и наводите за сериозни злоупотреби на власта на високите државни фукционери отворија сомнежи за злоуотреби и во судството и големо влијание на извршната врз судската власт. Како одговор на тоа, лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија се согласија, а Парламентот едногласно изгласа да се создаде нова независна институција – Специјалното јавно обвинителство .
Дали СЈО ќе работи надпартиски и ќе биде успешна во спроведување на непречени, непартиски и стручни истраги со целосна поддршка од сите други државни институции , ќе претставува вистински тест за владеењето на правото во оваа земја.
САД сметаат дека во овие клучни моменти, СЈО има круцијална улога во воспоставувањето на правна одговорност и во таа насока Соединетите Држави ја поддржуваат работата на СЈО, преку обезбедување на тренинзи и техничка помош, исто онака како што и до сега работевме со останатите институции од правосудството и полицијата, уште од македонската независност. Оваа соработка ја покажува нашата целосна посветеност на принципите на владеење на правото, унапредување на демократските стандарди, и развивање на институциите кон евро-атланскиот пат на Македонија. И кон таквите заложби и понатаму цврсто, ќе работиме“ потенцира амбасадорот Бејли, во својата писмена реакција на социјалната мрежа Фејсбук.