ФОТО: Утре, свечено отворање на новата градинка „Кочо Рацин“

0
1085

Градинка-Кочо-Рацин-4-670x320

Општина Центар утре свечено ќе ја отвори новата градинка „Кочо Рацин“. На местото на старата руинирана и дотраена градинка, изградена е нова, со димензии три пати поголеми од претходната.

„Градинката ќе биде нов дом за децата, топло, убаво, функционално место. Со најубав мебел, оптимални услови за престој и забава.  Градинката “Кочо Рацин“ е на површина од 2800 м2 и е комфорно место за сместување и грижа за околу 250 деца.

Градинка-Кочо-Рацин-12

При изведбата се запазени сите високи стандарди за објект од ваков карактер, а во градбата се користени врвни и долготрајни материјали, за чиј квалитет сведочат сертификатите добиени од светските лаборатории“, велат од општина Центар.

„Ова е најголемата и најсовремена градинка во Република Македонија. Веруваме дека успеавме да создадеме втор дом за најмладите, во кој тие успешно ќе растат“, вели градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, чие изборно ветување беше токму изградба на новата градинка “Кочо Рацин“.

Градинка-Кочо-Рацин-1

„Градинката е градена исклучиво со средства од буџетот на општината, без ниту еден денар помош од државата“.

„Градинката свечено ја отвораме утре, во 12:00 часот на пладне, добредојдени сте сите”, порача Жерновски.

Градинка-Кочо-Рацин-2 Градинка-Кочо-Рацин-3 Градинка-Кочо-Рацин-7 Градинка-Кочо-Рацин-9 Градинка-Кочо-Рацин-11 Градинка-Кочо-Рацин-5 Градинка-Кочо-Рацин-13