Утрово на социјалните мрежи се појавија и фотографии од автобуси кои одат кон Скопје на трибината на ВМРО-ДПМНЕ закажана за во 12 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а патниците во рака имаат и сендвичи. Фотографиите се направени после Штип.
Како што веќе објавивме, деновиве до членството и до вработените во администрацијата стигнуваа закани и уцени дека мора да присуствуваат на собирот, а за утрово од повеќе локации низ државава беше планирано да тргнат автобуси кон Скопје. Вчера наводно по општинските комитети низ Скопје се давале инструкции дека денеска заради митингот ЈСП ќе вози бесплатно на линиите кон спортскиот центар за сите, не само за пензионерите.
А еве и такви кој му се спротиставуваа јавно на Грујо за митингот во Борис Трајковски за спас на неговата глава коцкеста :
Неофицијално, Груевски го организира собирот како одговор на трибината на СДСМ во Универзалната сала од каде „пукна бомбата“ за изборниот грабеж, како и за да покаже единство и поддршка од членството.
Настанот се организира во време кога Груевски е нелигитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи мандатот му е истечен на 6 март, а новиот Конгрес неофицијално е планирано да се одржи дури во мај во Куманово.