(ФОТО) СЛУГИТЕ НА РЕЖИМОТ СЕ РАСФРЛААТ СО ПАРИ: Игор Гиевски и ќерката на уставната судијка Елена Гошева се подновија со Масерати од 130.000 евриња!

0
5275
Членот на Управниот одбор на ЕВН Македонија и поранешен претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ Игор Гиевски заедно со својата сопруга, Слободанка Гошева Гиевска која е ќерка на екс претседателката на Уставен суд, Елена Гошева, ќе се возат во ултра луксузен џип Масерати Леванте С, јавува „Центарњус“.
Како успеа Игор Гиевски за само 5 години работа во ЕВН да купи вакво возило кое чини 130 000 евра, ако се знае дека просечната плата според власта е 400 евра месечно, а годишно околу 5000 евра, што значи дека е потребна заработка за 24 години.
Од плата, макар и повискока во ЕВН, за пет години е невозможно да се купи ваков автомобил, освен ако не сте во криминалната шема на власта на Груевски. Игор Гиевски со новото автомобилче ќе ги повози и другарчињата Чукиќ-Марков, адвокати на Фамилијата.
Фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и потврдени. Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС. Нејзиниот татко, Ѓорѓи Гошев, бил поранашен директор на Студетскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ. Слободанка Гошева Гиевска, била претседател на Пописна комисија во 2011 година. По само неколку дена се повлече, поднесе оставка заради тоа што се правени сериозени фалсификати.
Извор: ЦентарЊуз