Thursday, February 13, 2025
5.8 C
Skopje

(Фото) СДСМ : Пролетта во Македонија

SDMM-vesnik-41-670x320

“Вистината се смета за омраза, од страна на оние кои ја мразат вистината” – Аулик Ајс (Auliq Ice).

Да, вистината е омразена категорија од оние кои луѓето ги сметаат за “човечиња”, кои праќаат фамилии во “ендек”, кои се исмеваат додека други страдаат, од оние кои работеле за лични интереси или газеле по волјата на граѓаните со изборен криминал.

Социјалдемократската младина на Македонија овие недели е дисперзиран гласник на вистината. Во села, градови, на автобуски станици и паркови, на пазарче и плоштад, непоколебливо ја носиме Вистината за Македонија.

SDMM-vesnik-31

Неформалниот весник е оружје во рацете на вистината против режимот.
Ако МРТВ не ги емитува снимките, младите социјалдемократи ќе го посетат секој граѓанин за да го информираат.

Ако провладините телевизии и портали спинуваат, СДММ со уште по засилено темпо ќе ја обиколува Македонија.

SDMM-vesnik-11

Ја споделуваме вистината, но и говориме за алтернативата. И внимателно слушаме за маките што граѓаните се поотворено ги споделуваат.

Овие недели чувствуваме енергија што ги обединува пазарџијата на тезгата, пензионерот на клупите во паркот, вработениот во администрација, полицаецот, охрабрениот студент.

SDMM-vesnik-10

 

Пролетта како годишно време носи алергии. Пролетта во Македонија ја донесе храброста, којашто претставува најстрашниот полен за нелегитимната власт.

Енергијата што ја впиваме секојдневно, ја канализираме во движење за враќање на слободата. Заедно со граѓаните испишуваме нова страница од историјата на Македонија.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

ФИЛИПЧЕ: СДСМ Е ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ДРЖАВНИОТ ГРБ, ГО НОСИ КОНТИНУИТЕТОТ НА НОБ

Ние сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува...

ФИЛИПЧЕ: ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА СЕ ВЛОШУВА, ВЛАДАТА НЕ НУДИ РЕШЕНИЈА

Има значајно влошување на економската состојба, стандардот на граѓаните...

БОРИСОВ: АПСОЛУТНА ПРОВОКАЦИЈА Е ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ И НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОБРНУВА ВНИМАНИЕ

Апсолутна провокација е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ