Пред Владата се одржа протест на ПЦЕР, дел од опозициската коалиција, каде Ромите побараа оставки по скандалозните снимки од кои се слуша за криминал и злоупотреби на власта.
Маршот започна од паркиралиштето кај спортската сала „Кале“, учесниците се движеа до зградата на Владата, каде се обрати претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.
На протестот беа презентирани и нови аудиоснимки „бомби“, кои се однесуваат на изборите во Шуто Оризари.