Втор ден не стивнуваат гужвите пред банкоматите во соседна Грција. Народната банка на Грција извести дека од вкупно 5.449 банкомати во земјата, во последните 24 часа испразнети се 2.191 банкомати, кои во следните денови ќе бидат надополнети со одредена сума на пари. Освен пред банкоматите, гужви започнаа и пред бензинските пумпи. Грчките медиуми јавуваат дека граѓаните стравуваат од поскапување на горивата, па сакаат да се обезбедат на време.
ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ