(ФОТО) Претседателот Заев на средба со Патријархот Вартоломеј: Веруваме дека Патријархот Вартоломеј ќе продолжи да поттикинува дијалог и дека наскоро ќе ја посети нашата држава

0
513

Претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со премиерот во преодната влада Оливер Спасовски денеска беше во посета на седиштето на Цариградската Патријаршија каде оствари средба со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј.

Од страна на претседателот Заев и техничкиот премиер Спасовски до патријархот беше упатена честитка по повод Христовото раѓање – Божиќ.

Низ долг и срдечен разговор од страна на претседателот Заев беше изразена надеж дека Патријархот Вартоломеј и оваа година, во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за наоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и сите православни верници ширум светот.

Претседателот Заев изрази задоволство од средбата со очекување дека взаемната комуникација со Цариградската патријаршија ќе продолжи и во иднина во интерес на сите православни верници во државата.

Од страна на претседателот Заев и премиерот Спасовски беше упатена покана Патријархот Вартоломеј, кој ужива голема почит и силна поддршка од сите православни верници во  нашата држава да ја посети Северна Македонија и да се сретне со верниците од православна вероисповед.