Новата, или таканареченета „сува фонтана“ остана сува. „Чудото“ траеше само еден ден и потоа секна водата. Ниту вчера, ниту денеска не работи и не протекува вода, објави А1он.
Екипата на А1он забележа дека системот е веќе оштетен, една од одводните дупки на фонтаната е скршена.
Градот Скопје засега не дал информација зошто ниту вчера ниту денеска не функцинира фонтаната, која е платена 2, 5 милиони евра.