(ФОТО) ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ НА ЗАЕДНИЧКА МАСА НА ПРИЕМОТ ВО БРИТАНСКАТА АМБАСАДА

0
1792

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се поздравија и поседоа на иста маса, заедно со британскиот амбасадор Чарлс Гарет на приемот организиран од Амбасадата на Велика Британија во Скопје, по повод роденденот на кралицата Елизабета Втора, објави порталот Сакам да кажам.

На масата на која беше Заев, заедно со претседателот на Собранието Талат Џафери и дел од министрите, дојде Мицкоски, а им се придружи на амбасадорот Гарет. Заев се поздрави со Мицкоски, кој беше во придружба на сопартиецот Александар Николоски.

Приемот се случува вечерта пред годишнината од организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година.

Нападот во Собранието се случи на 27 април лани, кога актуелното владејачко мнозинство го избра Талат Џафери за нов претседател на Собранието.

По изборот, за време на прес-конференцијата во собранискиот прес-центар, десетина лица со качулки и маски на главите насилно влетаа во просторијата почнаа да ги маваат пратениците на СДСМ.

Демонстрантите со шипки и столици удираа по пратениците и новинарите. Нападите беа против пратениците од СДСМ, при што лидерот Зоран Заев заврши со раскрвавено чело, а пратениците Максим Димитриески и Дамјан Манчевски имаа видливи повреди на главата.

Најтешко повреден беше пратеникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој имаше отоци на мозокот од повредите и ударите што ги доби од демонстрантите кои го влечеа низ собраниските ходници.

Организираниот нападот врз Собранието беше кулминацијата на двегодишната политичка криза, која заврши на 31 мај лани со формирање на влада составена од СДСМ, ДУИ, и Алијансата за Албанците, предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев.