(ФОТО) Премиерот Заев со францускиот амбасадор пиеше Ѕинговача во премиерскиот кабинет!

0
1273

Очигледно дека Грујо си нарачал вода Ладна во владата, бренд сопственост на фирмата Магрони која е во сопственост на Ѕинго, па сега и Заев мораше да ги пречекува амбасадорите со Ѕинговача пред него на маса.

zaevDzingovaca

Средба на премиерот Заев со францускиот амбасадор Тимоние: Подготвени сме на брзи и квалитетни реформи за европските перспективи на граѓаните и државата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Република Франција во Р.Македонија, Кристиан Тимоние.

На средбата се разговараше за приоритетите на новата Влада, како и отворањето на перспективите на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО.

„Подготвени сме за брзо, квалитетно и ефикасно спроведување на клучните реформи што ќе обезбедат квалитетен живот за сите граѓани, а ќе ги осигураат и евро-атлантските интеграции на Македонија“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, изрази очекување дека посветеноста на Владата кон реформите ќе биде охрабрување за сите граѓани, за бизнис секторот во Македонија, за странските инвеститори, да вложуваат во Македонија со своите капацитети и со своето знаење, со што ќе придонесат кон развојот на економијата во Македонија.

На средбата беше поздравена поставеноста на Премиерот кон инклузивни политики и транспарентност, како европски демократски вредности.

„Стратешки определби на Република Македонија се Европската Унија и НАТО и јас како премиер и новата Влада сме подготвени да работиме посветено и темелно на европската агенда којашто ќе го отвори патот за развој Република Македонија“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, на средбата со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние најави и развој на добрососедските односи со цел поттикнување на политиките на градење доверба и мостови и со тоа отворање перспективи за граѓаните и државите од целиот регион.