Српската телевизија Н1 објави фотографија како полицијата ги изнесува од Собрание повредените пратеници на СДСМ, Зоран Заев и Максим Димитриевски, откако во зградата на Парламентот лекари им ги санирале повредите кои ги добија од бруталните напади на насилните демонстранти.
Од фотографијата се гледа дека и двајцата се здобиле со повреди во главата.