Загина пешак во сообраќајна несреќа која пред малку се случи во населбата Ново Лисиче.
Според првичните информации камион со скопски регистарски таблици удрил во пешак на булеварот „Србија“ во наслебата Ново Лисиче.
Камионот го удрил пешакот додека го минувал булеварот кај пешачкиот премин помеѓу двете бензиски станици на самиот булевар и во непосредна близина на полициската станица во Ново Лисиче.
Извор : Доказ