(ФОТО) Парадокс на македонската предизборна реалност!

0
739

Центарот на Гостивар, ноември 2016. Жена питачи за да преживее, пред ѕидот излепен со изборни плакати од Влатко Ѓорчев, носител на листата од ВМРО-ДПМНЕ во Шестата изборна единица, кој кампањата ја води под мотото „Знаеш што е подобро!“.

„Подобро? Зарем имало подобро? Питачам за леб, за да преживеам. Кога сум болна, се виткам во еден ќош, потоа Бог, ако рече ќе преживеам…!“, вели жителката на Гостивар, на која питачењето и е единствен начин за преживување, сите 35 години во Македонија, откако во виорот на војната во 1991 година избегала од Косово.

ВМРО-ДПМНЕ пред пет години вети жестока битка со питачењето, но вети и згрижување на сите граѓан(к)и кои смрзнуваат по улиците, на сите бездомници…

Од големите ветувања, не останаа ни текстовите во владините портали. Граѓаните кои питачат, сиромашните, обесправените луѓе, власта ги користи само како инструмент за освојување што повеќе гласови.

Според изјавите на граѓан(к)ите од социјално ранливите категории, на денот на изборите им се делат пакети со храна и им се ветуваат подобри услови за живот, а потоа, никој не се сеќава на нив.

Извор: Цивил Медиа