ФОТО: Новинарката Цаневска ја даде ќерка си, па заигра танц со обвинителот Јовевски

0
1408

Новинарката Катерина Цаневска во петокот со голема прослава го одбележа склучувањето на бракот на нејзината ќерка Маја. Таа на социјалните мрежи објави и фотографии од веселбата, на која присуствувале голем број луѓе од државниот врв.

Меѓу присутните може да се забележи републичкиот обвинител, Љубомир Јовевски, кој игра танго со новинарката Цаневска. Меѓу останатите, присутен бил и претседателот Стево Пендаровски со сопругата, Андреј Жерновски, пратеникот Хари Локвенец, Цветанка Иванова и други познати личности.

Цаневска сега е вработена во Кабинетот на претседателот Пендаровски, а претходно, работеше во Општина Центар и Собранието. Љубовта меѓу нејзината ќерка Маја и зетот Никса трае неколку години, по што решиле да ја крунисаат со брак.