Пред нова година се одржала премиера на некаква балетска шпанска престава во македонската опера и балет на која главна актерка била балерината Александра Мијалкова, сопругата на Сашо Мијалков. Во први редови меѓу другите седеле Наташа Савова како шефица за маркетинг на банката на Орце Камчев, Стопанска Банка Битола и Сашо Мијалков.
Ова бесрамно јавно валкање со првенците на режимот на екс шефицата на кабинетот на Црвенковски од ерата кога тој беше претседател на државата а потоа и лидер на СДСМ, го поставува логичното прашање – дали Савова пред ерата на прислушкувањето била кртот, шпионот на Мијалков и Груевски во високото раководство на СДСМ со што тогаш ДПМНЕ имал секогаш еден чекор предност пред СДСМ?! Па сега си ја прибраа кај себе поради стари заслуги?!
Има толку многу гревови на сметка на Савова… Се шпекулира дека таа и даде претседателска стипендија на Ивона Талевска да магистрира во САД како и тоа дека Савова како шефица на кабинетот на Црвенковски и шефица на центарот за комуникации на СДСМ ги штитела Камчев и Мијалков со тоа што СДСМ не објавувала афери и скандали за нив и сега тие и се заблагодаруваат за таа нејзина услуга…