ФОТО: НЕВЕРОЈАТНО, АКТИВИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ ПОВТОРНО ЈА ЗАПАЛИЈА ДЕПОНИЈАТА ВО СТРУГА!!!

0
1149

Од вчера вечерта повторно се активираше пожарот во депонијата кај Струга. Мештаните сведочат дека денеска веќе можат да се забележат поголеми пламени јазици и чад кои се издигнуваат од локацијата. Медиуми јавуваат дека на местото се наоѓа само една цистерна со која локалната власт се обидува да го изгасне пожарот.

Пред само една недела беше изгаснат големиот пожар кој ја зафати депонијата и кој неколку денови тлееше и го загадуваше воздухот во градот. За да се изгасне беше активирана голема механизација, која ја затрупа целата депонија со земја и со песок.

Жителите на Струга веќе со години бараат решение за проблемот со дивата депонија, но револтот стана посилен откако истата беше опожарена и оставена да гори со денови. Депонијата се наоѓа на само 500 метри од градот.

Граѓаните бараат дислоцирање на депонијата. Од надлежните служби ветуваат дека денес ќе се обидат да го сопрат пожарот, а потоа ќе се бара соодветно решение за проблемот.