(ФОТО НА ДЕНОТ) ДВОЈЧЕ ГО ЕБА ЕЖОТ : Талески со полиција донесен на распит во СЈО

0
795

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, првоосомничен во случајот „Транспортер“, денеска, точно во 12 часот, со полициска придружба беше донесен во просториите на Специјалното јавно обвинителство, каде треба да даде исказ околу злоупотребите на школскиот превоз во Битола за кои е осомничен од СЈО, пренесува „Мета“.

taleski-na-raspit-vo-sjo-3-860x680

Талески влезе придружуван од неговиот адвокат Никола Додовски и не даде никаква изјава. Игнорирајќи ги новинарските прашања околу тоа дали се чувствува виновен, тој само влезе во зградата.

Засега не се знае колку време ќе трае распитот на Талески, но според нашите информации, од исказот што ќе го даде ќе зависи ставот на СЈО околу продолжувањето на куќниот притвор кој му истекува утре.

Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“.