Најмалиот мопс во светот е со големина колку дланка. Висок е 10 cm, нешто помалку од голема лименка пиво, а тежи околу 560 грама.
Има само 4 месеци и веројатно нема многу да порасне според она што го објаснува неговата сопственичка Џоан Естли.
Пипа уште кога се родила била половина од големината на нејзините браќа и сестри. Очигледно е дека е со заостанат раст, но тоа не ја прави помалку симпатична.
Кога ја изнесуваат на шетање таа не може да шета како другите кучиња, туку ја носат во торбичка, па луѓето мислат дека е играчка.
Џоан тврди дека таа можеби е мало кутре, но има голем карактер.