(ФОТО) МПЦ се надмина: Донирајте 100 евра за новата црква или нема погреб!

0
729

На социјалните мрежи е објавена фотографија од „одлука“ на Црковниот одбор на црквата „Св. Константин и Елена“ во населено место Илинден.

Според напишаното граѓаните „се задолжуваат“ да донираат по 100 евра од домаќинство за изградба на црквата, а веднаш по ова следува и уцена, дека на тие што нема да донираат, нема да им биде овозможено барањето за погреб на лице од семејството се додека не ја исплатат сумата во целост.

Оваа „одлука“ предизвика многу реакции на социјалните мрежи, и згрозеност од ваквите уцени, кои, како што коментираат граѓаните, воопшто не се во духот на христијанството и на религиите воопшто.