(ФОТО) КУЧИЊАТА НА РЕЖИМОТ И МИТКО ЧАВКОВ ГИ ПРЕТЕПАА СТУДЕНТИТЕ, ВРЗ НИВНИТЕ ТЕЛА СЕ ГЛЕДААТ ВИДНИ РАНИ НА КРВ И НАСИЛСТВО

0
1020

По синоќешниот интервенција на Единицата за брзо распоредување во просториите на СПУКМ, Студенсткиот пленум објави фотографии на дел од студентите на кои се гледаат модринки и крв.

Според Студенсткиот пленум, синоќа биле повредени тројца студенти синоќа при судирот со припадници на Единицата за брзо распоредување, за време на блокадата на влезот од просториите на Студентскиот парламент.

МВР вчера застана во одбрана на претставниците на Студентскиот парламент кои побегнаа во своето седиште заедно со гласачките кутии за да ги бројат гласовите од вчерашното гласање за нов студентски лидер.

Специјални полициски сили доцна синоќа насила ги влечеа студентите што се спротивставија на изборите за претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот Кирил и Методиј со обвинение дека се лажирани.

Студентскиот пленум цело попладне го блокираше влезот на Студентскиот парламент во обид да се спречи броењето на гласаките кутии што претходно насилно биле грабнати од Правниот факултет.

Од таму обвинија дека во лажирањето на изборите учествувале лица од јавната администрација и членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.