(ФОТО) Кокошките од Унијата на жени на ДПМНЕ се фатија за работа – Ја чистеа триумфалната капија од боите на Шарената револуција

0
479

Десетина жени денеска ја чистеа Триумфалната порта во центарот на Скопје, ишарана од демонстрантите кои протестираат против аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов и бараат одложување на изборите.

Опремени со сунгери и вода, тие велат дека самоиницијативно се собрале да го исчситат објектот, но медиумите пишуваат дека најверојатно се работи за членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Вработени во портата ги предупредиле да не чистат, бидејќи само повеќе ќе ја замачкаат бојата, но тие не ги послушале.