ФОТО) И празнично Македонија се буди: Најмасовен првомајски протест пред Влада!

0
600

maj 1

Демонстрантите од првомајскиот протест за социјална правда и работнички права пристигнаа пред Владата каде извикуваа „Оставка!“. Неколку преставници на синдикати одржаа говори, меѓу кои претседателот на УПОЗ, Пеце Грујоски, претставникот на Наставничкиот пленум Ристе Николоски и Лилјана Георгиевска во име на стечајците, пренесува Радио МОФ.

Грујоски побара колективни договори, измени на сите закони за јавниот сектор кои прават робови и на сите лоши закони.

maj 2

„Државното раководство ниту еднаш не го честитало овој празник на работниците“, се обрати Грујоски пред собраните граѓани.

Професорот Николоски го осуди вчерашниот случај со средношколецот кој тврдеше дека вицепремиерот Владимир Пешевски го етикетирал, за време на средбата во МОН.

maj 3

„Зарем не е доволно што учениците месец дена протестираат, што недела дена кампуваат, па уште и изјавата на Пешевски. Говор на омраза кон ученици, срамно. Што добивме со завршување на штрајкот на наставниците? Оставете ги луѓето да се борат за своите права и за својата иднина“, рече Николоски.

Георгиевска пак, побара луѓето да бидат истрајни и да им дадат поддршка на стечајците во нивната долгогодишна борба.

maj 5

Организатори на протестот беа голем број на синдикати и потписници на Повелбата за солидарност кои сметаат дека сиромаштијата е повисока од кога било, работничките права се кршат секојдневно, невработените се бришат од евиденција наместо да им се најде работа и класните разлики се највисоки во Европа.