Како и во минатите години, така и оваа, градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, Христовото воскресение го дочека заедно со своите сограѓани.
Тој ноќеска на полноќ, со сопругата Зорица и соработниците присуствуваше на Велигденската воскресна литургија која што се одржа во црквата „Св. Григориј Палама и Димитриј“ во Струмица.
Со верниците кои го наполнија дворот на црквата, си го честитаа Христовото воскресение и си посакаа многу здравје, среќа и благосостојба во семејствата.