(ФОТО) За прв пат во Македонија бели лавови во Зоолошката во Скопје

0
231

За прв пат во Македонија, граѓаните ќе може да видат бели лавови во скопската Зоолошка градина.

Директорот на Зоолошката, Ѓорѓи Галетановски соопшти дека вчера пристигнала женката лавица Бела од Германија, а следната недела се очекува да стигне мажјакот Чака од Франција.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Женката пристигна во Скопје од Германија

– За прв пат во Скопје и Македонија ќе има бели лавови. Планираме да донесеме бели тигри и други бели видови. Град Скопје вложува и Европа се залага за што побрзо, нашата Зоолошка да биде европска. Ние сакаме годинава да достигнеме максимална посетеност на скопската Зоолошка, вели Галетановски.

Белите лавови се редок вид и се доста атрактивни за посетителите, а за нив е направено живеалиште според светски стандарди.