Saturday, May 17, 2025
13.5 C
Skopje

(Фото) Заев: Очекуваме да прекине процесот „Пуч“ и да отпочне истрага против Груевски и Мијалков

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев очекува обвинителството да го прекине процесот што се води против него за наводен пуч против институциите на државата, и да отпоче кривична истрага против премиерот, Никола Груевски и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, за кршење на уставот и на законите. Заев ова обвинение го внел во записникот на сопствениот исказ кој денеска го даде во јавното обвинителство и според него, двајцата функционери треба да се теретат за злоупотреба на нивната службена положба со што и нанеле огромни штети на државата, пренесе А1он.

Давањето на неговиот исказ траеше шест часа и со тоа завршува фазата на давање изјави на осомничените во оваа постапка откако претходно свои искази дадоа првоосомничениот, Зоран Верушевски и премиерот, Никола Груевски.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=lafcDrX6-Zw[/youtube]

– На записник поднесовме кривична пријава против Сашо Мијалков и Никола Груевски, за кршење на уставот и законите во Република Македонија злоупотребувајќи ја својата позиција како премиер и директот на УБК при што нанеле огромни штети на Република Македонија и нејзините граѓани. Со тоа очекуваме дека обвинителството, ценејќи ги сите докази, ценејќи ги и доказите кои му се приложени од сите учесници во постапката, ќе го прекине процесот што се води против Зоран Заев и Зоран Верушевски и другите двајца осомничени и очекуваме да отпочне процес за кривична истрага против Никола Груевски и Сашо Мијалков и други осомничени лица – изјави Заев по распитот во јавното обвинителство.

Заев потсети дека веќе осудениот во процесот „Пуч“ е осуден за кривично дело шпионажа, но при тоа никаде не се споменува странската земја ниту странската служба со кои соработувал.

– Петто и шесто осомничениот се лица кои не ги познавам. Составен дел од изјавата на Верушевски е дека се прислушуло од страна на МВР и од страна на државната тајна полиција. Тоа го покажуваат доказите и го потврдуваат изјавите. Можам само да кажам дека луѓето кои ги доставија овие податоци до мене се патриоти пред кои можам секогаш да се поклонам и да им симнувам капа – рече тој.

На прашањето дали очекува во најкраток можен рок да започне судската разврска на случајот „Пуч“, Заев одговори дека со ВМРО-ДПМНЕ и Груевски е се можно.

Одлуката, рече тој, по однос на новото обвинение против Груевски и Мијалков е на обвинителот, но спомена дека претпоставени на обвинителот му се Јово Илиевски, кој рече, е баџанак на Сашо Мијалков, и Марко Зврлевски.

Својата одбрана против обвинението за државен удар, Заев рече дека ја темели на вистината за Македонија.

– Нашата одбрана е вистината за Македонија која со целиот овој процес е очигледна и јасна. По увидот во доказите и по исказите се е кристално јасно, се надевам поради тоа обвинителство ќе ја прекине постапката и ќе ја отфрли кривичната пријава за процесот „Пуч“ и веднаш ќе започне истрага за кривично дело кршење на уставот и законите од страна на првите луѓе на Владата – посочи опозицискиот лидер.

Видео – А1он

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МИЦКОСКИ: СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА, ЗДРАВСТВОТО И ТРАНСПОРТОТ ОД 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

„Почитувани претставници на медиумите, Почитувани сограѓани, Ваша екселенцијо, Почитувани колеги од Владата...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ