Monday, February 17, 2025
2.8 C
Skopje

(ФОТО) Заев на Конгрес на ПЕС: Само преодна влада може да организира фер избори

биудап1-540x405

Делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев учествува на Конгрес на ПЕС (Партија на европски социјалисти) којшто денеска и утре се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Во состав на делегацијата на СДСМ, покрај претседателот Заев се и заменик претседателката Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски.

Конгресот на ПЕС, претставува најголем собир на европската левица и опфаќа претставници и делегати на социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии во Европа, нивни лидери и премиери, претставници на пратеничката група на ПЕС во Европскиот парламент како и многубројни гости од други сестрински партии на земји надвор од Европа.

sep

Партиската делегацијата на СДСМ денеска во Будимпешта оствари средба со делегација на Лабуристичката партија од Велика Британија, предводена од генералниот секретар Иан МекНикол.

„На средбата беше потврдена поддршката на Лабуристичката партија за СДСМ. Делегацијата на СДСМ ги повтори позициите на опозицијата и граѓанскиот сектор во рамки на разговорите коишто се одржуваат со посредништво на ЕУ и САД барајќи решенија за излез од длабоката политичка криза во којашто се наоѓа Македонија. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев уште еднаш акцентираше дека само преодна влада може да создаде минимум услови за организирање и одржување на фер и демократски избори во Република Македонија“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Во текот на денешниот ден претседателот Заев се сретна и со претседателот на Демократската партија на Србија, Бојан Пајтиќ.

ОВАА НЕДЕЛА

КАТАКЛИЗМА ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА: ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ ЗАКИНТОС И КЕФАЛОНИЈА ПЛИВААТ ВО ВОДА

Во регионот на Јонското Море, kaj грчките острови Кефалонија...

ШТИПЈАНЕЦ СЕ ОБИДЕЛ ДА СИЛУВА ПОП

Фото : Илустрација Триесет и деветгодишен штипјанец вчера во населбата...

РУМЕН РАДЕВ: НЕ ПРИФАЌАМЕ ИЗМЕНИ НА АКТУЕЛНИТЕ ДОГОВОРИ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на средбата со претседателот...

ВУЧИЌ: ГИ РАЗБИРАМ СТУДЕНТИТЕ, НО НЕ И ПРОФЕСОРИТЕ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави вечерва дека протестите...

ЗЕЛЕНСКИ: САКАМ УКРАИНА ДА БИДЕ ПРИОРИТЕТ НА ТРАМП, А НЕ РУСИЈА, ПУТИН Е УБИЕЦ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Meet the...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ